ЕУ се заканува со повторно воведување визи за Македонија и Србија

Еврокомесарот за внатрешни работи, Швеѓанката Сесилија Малмстром, испратилa писма до Србија и Македонија, во кои бара владите на двете земји да преземат мерки во врска со се поголемиот број емигранти. Европската Унија може да се закани со повторно воведување на визниот рижим, но се надевам дека ќе можеме да дојдеме до решение преку разговор и заедничка работа, изјави Малмстром во интервју за Шведското радио. Во писмото до министрите за внатрешни работи на Србија и на Македонија, таа укажува на „алармантниот пораст на бројот на азиланти од Србија и Македонија“. Станува збор за тренд, кој според Малмстром, е „екстремено вознемирувачки“ и „сериозно ја изложува на опасност визната либерализација“.