Крај на војната на валутите?


Претставници на министерствата за финансии на Групата 20 најразвиени земји во светот, одржуваат состанок во Јужна Кореја на разговори за економските проблеми и за девалвацијата на националните валути. Како што е најавено, би требало да бидат договрени мерки за смирување на манипулациите со вредноста на валутите и курсните разлики.