Мило Ѓукановиќ во Македонија

Претседателот на Владата на Република Црна Гора Мило Ѓукановиќ доаѓа во официјална посета на Македонија. Ѓукановиќ ќе има разговори со премиерот Никола Груевски, а ќе биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов и од претседателот на Собранието Трајко Вељановски. Најавено е дека официјалните претставници на Црна Гора и на Македонија ќе потпишат повеќе меѓународни договори за соработка во различни области.