Францускиот Сенат гласа за пензиските реформи

Горниот дом на францускиот парламент, Сенатот, денеска треба да гласа за новиот спорен закон кој предвидува подигнување на старосната граница за заминување во пензија. Француските синдикати вчера повикаа на нови собири против реформите во пензискиот систем во таа земја, што ќе бидат одржани на 28 октомври и на 6 ноември.