Расмусен оптимист за Авганистан

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека доволно војници на Алијансата ќе останат во Авганистан се додека локалните безбедносни сили не докажат дека може да се грижат за безбедноста сами. Тој изрази оптимизам дека трансферот на надлежностите би можел да заврши до 2014 година.