Вулф побара верски слободи за христијаните во Турција

Германскиот претседател Кристијан Вулф денеска присуствуваше на црковна служба во црквата Св. Павле во медитеранскиот град Тарс во Турција. Службата ја водеа двајца германски свештеници. За служење во црквата, која сега е музеј, беше потребно посебно одобрение од турските власти. На службата присуствуваа и претставници на Грчката православна црква во Турција, ерменски и сириски верници. По завршувањето на молитвата, Вулф ги повика турските власти да им гарантираат верски слободи на христијаните во земјата.