Навивачи на Хајдук натепани во Русија

Четворица навивачи на хрватскиот фудбалскиот клуб Хајдук се примени во болница во Санкт Петербург со повреди на главите. Тие биле повредени со судирот со руските навивачи пред вечерашниот натпревар од Лигата на Европа против Зенит.
Руската полиција соопшти дека педесетина навивачи на Зенит упаднале во хотелот „Достоевски“ во центарот на градот, каде што се сместени хрватските навивачи, по што дошло до судири.