Авганистан бара Саудиска Арабија да посредува со Талибанците

Новоформираниот Мировен совет во Авганистан сака Саудиска Арабија да се вклучи во обидите за помирување со Талибанците.
Портпаролот на Советот изјави дека саудискиот крал Абдула би можел да интервенира и да ги потикнува преговорите ако дојде до застој.
Авганистанската влада соопшти дека веќе ги почнала разговорите со некои талибански команданти. Талибанците, пак, демантираат дека некој од нивните претставници бил вклучен во разговорите.