Носењето шамии на факултетите ја бранува турската политика

Претседателот на турскиот Парламент Мехмет Али Шахин побара од Главниот Обвинител на Врховиот кацасионен суд да го повлече предупредувањето во врска со напорите за наоѓање решение на проблемот со носењето шамии на турските универзитети.
Според Шахин, дејствието на Обвинителството е „недозволиво“ и Парламентот е единствениот орган, кој може да ја користи законодавната власт од името на турскиот народ.
Главниот обвинител на Врховниот касационен суд Абдурахман Јалчанкаја изјави вчера дека ако биде одлучено да се дозволи на забрадени студентки да влегуваат на универзитетите, тогаш политичката, општествената, институционалната и правната одговорност ќе биде понесена од политичките партии. Во декларацијата се посочува дека укинувањето на забраната за носење шамии е закана за секуларниот поредок во државата.