Франција и натаму се соочува со штрајкови

Франција се соочува со континуирани штрајкови поради владиниот план за пензиски реформин со кој се предвидува да се покачи стратоста за заминување во пензија од 60 на 62 години. Во земјата е нарушено снабдувањето со енергија. Во пристаништето на Марсеј се заглавени 51 танкер со нафта.
Претседателот Никола Саркози, чија популарност е на најниско ниво откако го превзеде мандатот, нареди разбивање на демонстрантите и расчистување на пристапите кон нафтените рафинерии. Вчера околу четвртина од бензиските пумпи во земјата беа празни.