Во Стразбур усвоена декларација за Ромите

Ромите продолжуваат и понатаму да бидат социјално и економски маргиналзизирани во бројни региони на Европа, со што се доведува во прашање почитувањето на човековите права, се наведува во преамбулата на декларацијата за Ромите усвоена во Стразбур. Декларацијата ја усвоија претставниците на 47-те земји членки на Советот на Европа, Европската Унија и невладините ромски организации. Во декларацијата едногласно се осудува дискриминацијата на која се изложени Ромите и нивната маргинализација од општествените и екононските текови. Во Стразбур е одлучено сите европски држави да се обединат во еден единствен напор за да даде паневропски одговор на потребите на околу 10 до 15 милиони Роми колку што живеат во Европа.