Грчките археолози во 24 часовен штрајк

Грчките археолози за денеска најавија 24-часовен штрајк во знак на солидарност со нивните колеги вработени во Министерството за кулутра , кои минатата недела го блокираа Акропол. Здружението на археолозите вчера објави декларација во кое бара „да се спречи скрвнавењето на Акропол“ од страна на полицијата, која е обвинета дека користела насилни методи за разбивање на протестите на вработените во Министерството . Вработените во Министерството за култура минатата недела го блокира Акропол со барање за вработување на неопределено време на хонорарано ангажираните работници, зголемување на нивните плати, како и отворање нови работни места.