САД: нема причина вредноста на доларот да паѓа

Американскиот државен секретар за финансии Тимоти Гајтнер изјави дека не гледа причина вредноста на доларот дополнително да се намали во однос на еврото и јенот. Тој во интервју за Вол стрит Џурнал изјави дека Соеднетите држави не ја следат политиката за намерна девалвација на доларот. Како резултат на неговата изјава, на берзите во Азија е забележан благ пораст на вредноста на доларот во однос на другите валути.