Русија ќе приватизира 900 државни фирми за 60 милијарди долари

Руската влада донесе план за приватизација на државни фирми во вредност од 60 милијарди долари во наредните 5 години. Планот чека одобрение од претседателот Дмитриј Медведев. На продажба ќе бидат понудани 900 државни фирми.
Според планот, ќе се продаваат акции во државната нафтен гигант Роснефт, во Сбербанк и во руските железници. Можна е продажба на дел од рускиот национален авиопревозник Аерофлот.