Жбогар уверен дека Србија ќе добие кандидатура за ЕУ

Словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар изрази увереност дека в понеделник, шефовите на дипломатиите на земјите од Европската унија ќе се согласат да и дадат кандидатски статус на Србија. Ова тој го изјави на прес-конференција во Љубљана по средбата со српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ.
Жбогар ја потенцира соработката на Србија со ЕУ при подготовката на резолуцијата за Косово, доставена до Генералното собрание на Обединетите нации.