Чешка: казни за екстремисти кои запалиле дом на роми

Судот во Острава осуди четворица чеси, десничарски екстремисти на 22 години затвор секој поради напад врз дом на роми при што едно двегодишно девојче претрпе сериозни повреди. Тие се осудени за расно мотивиран напад. Четворицата чеси се изјаснија за невини. Во Чешка живеат скоро 300 илјади роми.