Можна согласност за укинување на визите за БиХ и Албанија

Во Брисел денеска ќе се состанат постојаните претставници на државите членки на Европската унија, на ниво на амбасадори, кои би требало да постигнат политичка согласност за одобрување безвизен режим за БиХ и Албанија. Тоа, како што е најавено, би требало да го отвори патот за ставање на овој предлог на состанокот на министрите за внатрешни работи на Унијата што ќе се одржи во почетокот на ноември.