Во Франција продолжуваат штрајковите и протестите

Франција се подготвува на уште еден ден на штрајкови и демонстрации против пензиските реформи, односно покачување на старосната граница за пензионирање од 60 на 62 години. Вчера стотици илјади луѓе протестираа низ целата земја пред гласањето за реформите во Сенатот што се очекува во текот на оваа недела. Протестите главно беа мирни, но имаше и појави на насилство во Париз и во Лион. Се уште штрајкуваат и вработените во рафинериите и во Франција има недостиг од гориво. Владата соопшти дека ќе ги отвори стратегиските резерви со нафата.