Претседателот Иванов во посета на Србија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе престојува во официјална посета на Белград, каде што ќе се сретне со својот српски колега Борис Тадиќ. Двајцата претседатели се очекува да разговараат за билатералните односи, за унапредување на економската соработка, како и за евроинтеграцијата на регионот. Тадиќ и Иванов на последната заедничка средба во почетокот на јуни оценија дека политичките односи меѓу двете земји се добри и оти забрзаната евроинтеграција на земјите од регионот е предуслов за мир и стабилност во регионот.