Министерска конференција за безбедносни прашања

Во Брдо кај Крањ, Словенија, денеска ќе биде одржана 10-та регионална министерска конференција за илегални миграции, организиран криминал, корупција и тероризам. Како што е најавено, на расправата особено внимание ќе биде посветено на продолжувањето на реформите во областа на внатрешните работи по завршувањето на либерализацијата на визниот режим, како и на ефикасните мерки за борба против трговијата со луѓе. На собирот ќе учествуваат министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора, како и претставници од уште 10-на држави од регионот и од ЕУ.