Времето денеска променливо со повремен дожд

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со подолги сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат послаби и ќе бидат повеќе застапени во крајните западни и источни делови на земјава. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од западен и од југозападен правец. Утринската температура се движи од осум до 13, а дневната ќе биде од 18 до 21 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд особено претпладне, а преку денот би требало да престане. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Утринската температура се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 18 степени.