Ѓул - Интегрирајте ги Турците, наместо да собирате политички поени

Турскиот претседател Абдула Ѓул ги повика германските политичари да не го користат прашањето на емиграцијата за собирање политички поени, туку да им помогнат на Турците да се интегрираат во општеството. Ѓул ова го изјави на заедничка прес-конференција со германскиот претседател Кристијан Вулф кој е петдневна посета на Турција.
Германската канцеларка Ангела Меркел викендов изјави дека обидите на Германија да изгради мултикултурно општество целосно не успеаја. Претседателот Вулф, пак рече дека германските Турци треба да учат германски од најрана возраст за да може да се интегрираат во германското општество.