Насилни демонстрации во Франција

Во Франција продолжуваат демонстрациите против владините реформи на пензискиот систем. На аеродромите има откажани летови, а нарушен е и железничкиот сообраќај, а голем број бензиски пумпи се без гориво поради штрајкот на вработените во рафинериите за нафта, кој трае веќе 7-ми ден. Во некои градови има и судири меѓу полицијата и демонстрантите и запалени автомобили.