Велика Британија останува воена велесила

Британскиот премиер Дејвид Камерун му дал гаранции на американскиот претседател Барак Обама дека Велика Британија ќе остане моќен воен сојузник и оти ќе ги исполнува своите обврски во НАТО. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон во минатата недела изрази загриженост од намерите за кратење на воениот буџет на Велика Британија.