Херман ван Ромпуј денеска во Скопје

Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј денеска е во работна посета на Република Македонија. Предвидено е тој да се сретне со претседателот Ѓорѓе Иванов и со премиерот Никола Груевски. Пред посетата, претседателот на Советот изјави дека Европската унија не сака да увезува регионалпни конфликти. Во видео порака, ван Ромпуј вели дека иако земјите од регионот имаат направено значителен прогрес во исполнувањето на европските стандарди, сепак има уште многу да се сработи.