Иран е предизвик за стабилноста на блискиот исток, сметаат САД и Израел

Иран е еден од најголемите предизвици за стабилноста во блискиот исток, се вели во заедничката изјава на Израел и Соединетите американски држави која следи по средбата на врвни претставници од двете земји. Во изјавата се реаафирмира ставот дека се подготвени да го спречат можното производство на нуклеарно оружје во исламската република. Во заедничката изјава се вели и дека иранската подршка на анти-израелски екстремистички групи предизвикува голема загриженост.