Околу 150 тони марихуана запленети во Мексико

Мексиканските безбедносни сили соопштија дека заплениле околу 150 тони марихуана во најголемата акција за спречување на трговија со дрога. Се проценува дека марихуаната вреди 340 милиони американски долари во Мексико и неколку пати повеќе во Соединетите американски држави. Во акцијата биле приведени 11 лица.