Меѓународна комисија ќе ги испитува етничките насилства во Киргистан

Меѓународна комисија денеска ја почна истрагата за етничките насилства во Киргистан годинава, во кои загинаа стотици луѓе. Комисијата, предводена од ОБСЕ, треба да ги расвели насилствата меѓу Киргизите и узбечкото малцинство на југот на земјата. Комисијата нема полициска функција и мандат да отвора кривични истраги.
Узбеците сметаат дека насилството против нив било оркестрирано. Околу 14 отсто од 5,3 милиони жители на Кургистан се Узбеци.