Протести против судењето на Курдите во Турција

Стотици поддржувачи на прокурдската Партија за мир и демократија демонстрираат во Дијарбaкир поради почетокот на судењето против 151 прокурдски политичари и активисти. Тие се осомничени за поврзаност со курдските бунтовници.
Меѓу обвинетите има десетина градоначалници.
Судењето се одвива под зајакнати безбедносни мерки. На покривите околу судот распоредени се снајперисти.
Меѓу притворените е и градоначалникот на Дијарбaкир, Осман Бајдемир, кој јавно се залага за курдска автономија.