Луксузната стока во 2010 се продава над очекувањата

Секторот на луксузната стока се опоравува побрзо од очекувањата, благодарејки на богатите американци кои ја дополнуваат гардеробата по едногодишното само одрекување и ново печените кинески богаташи. Според денеска објавената студија во Милано, продажбата на луксузна стока во светот пораснала за 10 насто по катастрофалната 2009 кога паднала за 8 проценти.