Разочараност на електоратот во Грција пред локалните избори

Електорат во Грција е разочаран и за тоа се свесни владејачката ПАСОК и опозициската Нова демократија, пишува Вима. Три недели пред локалните избори во Грција закажани за 7 ноември, според весникот, премиерот Јоргос Папандреу и лидерот на конзервативната опозиција Андонис Самарас почнаа средби со партиски функционери во обид да најдат начини да се ублажи незадоволството на избирачите од двете партии и состојбите во земјата.