Иран ќе ги забрани медиумите што известуваат за опозицијата

Иранските власти ги предупредија домашните медиуми дека ќе бидат забранети, ако објавуваат вести за опозицијата. Власта го прогласи опозициското движење за странски заговор што треба да го подрие исламското раководство. Опозицијата ги негира ваквите обвинувања.
Десетина прореформистички изданија и интернет страници се забранети во Иран по ланските контроверзни избори на кои претседателот Махмуд Ахмадинеџад доби втор мандат.