Чавез ќе обезбеди нафта за Белорусија за уште 200 години

Претседателот на Венецуела Уго Чавез изјави дека неговата земја ќе обезбеди нафта за Белорусија во наредните 200 години. Тој ова го изјави при посетата на Минск, каде што разговараше со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко. Венецуела претходно се согласи да и испорачува на Белорусија по 80 илјади барели сурова нафта дневно.