Дерил Хана пристигна во Битола

Холивудската актерка Дерил Хана пристигна во Битола, каде што ќе присуствува на отворањетоа на 31. издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“.
Фестивалот „Браќа Манаки“ почнува вечерва во 19:30 часот со доделување наградата за животно дело која годинава му припадна на американскиот директор на фотографија од унгарско потекло Вилмош Жигмонд. Веднаш потоа ќе биде прикажан филмот на Милчо Манчевски – Мајки, кој е надвор од конкуренција.