Ерменија ја пушти во употреба најдолгата жичница во светот

Ерменија ја пушти во употреба најдолгата жичница во светот. Жичницата, долга 5,7 километри, се протега над клисурата на реката Воротан и води до стариот манастир Татев во близина на границата со Иран.
Линијата ќе овозможи полесен пристап до манастирскиот комплекс од 9 век, кој е едно од најзначајните верски и туристички места во земјата.
Жичницата чини 18 милиони долари, кои во најголем дел беа обезбедени од приватни донации.