Меркел е за вклучување на Русија во европскиот безбедносен систем

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека Германија ќе продолжи да се залага за постепено вклучување на Русија во заедничката безбедносна архитектура на Европа. Таа соопшти дека ќе врши притисок во таа насока пред самитот на НАТО што треба да се одржи наредниот месец во Лисабон, затоа што „Студената војна е засекогаш завршена“.