Чавез во посета на Белорусија

Венецуелскиот претседател Хуго Чавез денеска е во посета на Минск на разговори со претседателот на Белорусија Виктор Лукашенко за можностите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји. Претходно за време на престојот на Чавез на Москва беше потпишан договор со кој Русија ќе ја гради првата нуклеарна централа во Венецуела. На ова реагираше Вашингтон предупредувајќи дека секоја нова нуклеарна програма треба да ги почитува меѓународните безбедносни стандарди.