Во сообраќајка полесно повреден министерот Бујар Османи

Во сообраќајна несреќа која се случила попладне на автопатот Гостивар-Тетово, полесно e повреден министерот за здравство Бујар Османи. Информацијата ја потврдија и од СВР Тетово, од каде велат дека службениот „мерцедес“ се судрил со возило кое се приклучувало на автопатот, кај село Жеровјане.