Црвенковски и Азески за економските проекти на СДСМ

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски на денешната средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески ги презентираше двата економски проекта на неговата партија „Инвестиции сега“ и „Бескаматни станбени кредити“ за подобрување на бизнис климата. Азески и Црвенкоски се согласија дека треба да се слушне, продискутира и реализира секоја добра идеја што може да придонесе за развој на економијата, независно од чија страна или политичка партија доаѓа.
- Стопанската комора е и останува партнер на Владата, но посебно сака да ги слушне и економските идеи на опозицијата, изјави Азески, оценувајќи дека заживувањето на дијалогот околу економските прашања на сите нивоа и изнаоѓањето најдобри решенија е најпотребно во моментов. Одговорајќи на новинарски прашања, Црвенковски нагласи дека македонските стопанственици моментно се соочуваат со многу проблеми, но најголемиот е што не смеат јавно да се жалат.