Седница на ЦК на Комунистичката партија на Кина

Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина денеска го почна четиридневното заседавање чија главна тема е поставување на приоритетите за наредниот петгодишен план за развој што почнува догодина. Претседателот Ху Џинтао изјави дека се планира зголемување на платите на фармерите и на работниците.