Пуштен од притвор осомничен терорист во Норвешка

Апелациониот суд во Осло ослободил од притвор еден од тројцата осомничени за планирање бомбашки напад во Норвешка, објавуваат тамошните медиуми. Судот одлучил дека нема опасност, осомничениот да избега или да влијае на доказите. Другите двајца остануваат во притвор.