Клинтон - Богатите Пакистанци да и помогнат на земјата

Американската државна секретарка Хилари Клинтон го повика Пакистан да се осигура дека богатите Пакистанци ќе и помогнат на земјата да се опорави од големите поплави. По денешната средба со шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон во Брисел, Клинтон рече дека е „апсолутно неприфатливо“ богатите Пакистанци да не помогнат во опоравувањето, додека тоа го прават даночните обврзници од други земји.