Летонските војници уште една година во Авганистан

Летонскиот парламент го продолжи мандатот на своите војници распоредени во Авганистан за уште една година. Проруската левичарска опозиција гласаше против, велејќи дека земјата е во економска криза.
Во Авганистан има 175 летонски војници. Од 2003 до сега загинаа четворица Летонци.