Хрватска во ЕУ во 2012 година?

Хрватска ќе влезе во ЕУ во 2012 година, изјави хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Јандроковиќ. Toj нагласи дека целта на Загреб е договорот за членство да биде потпишан во првата половина на идната година.
Јандроковиќ нагласи дека најтешки се преговорите во областите на пазарната конкурентност и правосудството, кои се очекува да бидат затворени идната година.