Протест пред српската амбасада во Тирана

Десетици албанци синоќа протестирале пред амбасадата на Србија во Тирана поради инцидентот кога српските навивачи во Џенова го запалија албанското знаме. Во овој град требаше да се одигра фудбалски меч меѓу репрезентациите на Италија и на Србија, но тој беше откажан поради дивеењето на група српски навивачи. Насобраните пред амбасадата во Тирана во знак на протест го запалиле српското знаме.