Вашингтон сака да стави противракетен систем во Турција

Вашингтон сака да распореди елементи од противракетниот систем во Турција.
За ова прашање ќе се разговара на денешната министерска средба на НАТО во Брисел, изјави Џим Таунсенд од американското Министерство за одбрана.
Тој наведе дека постои голема опасноста Турција да биде нападната со балистички ракети, поради нејзината геостратешката положба. Официјална Анкара се уште не се има изјаснето за таквата идеја.