Вооружени престрелки во Турција

Двајца војници и еден курдски бунтовник беа убиени при вооружен судир во Југоисточна Турција, јавија турските медиуми.
Престрелката избувнала вчера во округот Тунџели,откако бунтовниците ја игнорирале наредбата на војниците да се предадат, по што отовриле оган врз нив. Бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК) неодамна објавија едностран прекин на огнот со надеж да започнат дијалог, но Турција не ги зема предвид сите вакви декларации.