Шефот на британската дипломатија во Русија

Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг денеска во Москва ќе се сретне со својот руски колега Сергеј Лавров, а ќе биде примен и од претседателот Дмитри Медведев. За време на посетата, тој ќе има средби и со други руски политичари и бизнисмени. Поканата за Хејг дојде откако Медведев и британскиот премиер Дејвид Камерон на самитот на Г-8 во Канада се договорија дека сакаат да развијат посилни и попродуктивни билатерални односи.