Ахмадинеџад во посета на Либан

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад денеска треба да пристигне во прва официјална посета на Либија. Предвидено е тој да се сретне со претседателот и со премиерот на Либан и да има две јавни обраќања во упориштата на исламистичката милиција Хезболах – во јужен Бејрут и во градот Бинт Џибел. Се очекува неговите говори да бидат масовно посетени.
Во Бејрут и во цел јужен Либан се поставени бројни плакати со ликот на Ахмадинеџад и ирански знамиња во чест на неговата посета на земјата. Иран одржува цврсти врски со шиитската милиција Хезболах.