Наумовски - Да бидеме сигурни дека Грција ќе го почитува договореното

Вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски изјави дека Грција треба да ги почитува работите што ги договорила за да може да има и нови договори меѓу Скопје и Атина и да се изгради партнерски однос меѓу двете земји. Тој го посочи примерот со, како што вели, брутално кршење на привремената спогодба од страна на Грција.
За да бидеме сигурни дека она што ќе се договориме ќе биде спроведено, треба да биде потврдено со конкретни чекори од сите страни вклучени во тоа договарање, изјави Наумовски и ја повика Грција да покаже добра волја во исполнување на меѓународните правни документи.